Јапонец кој се ожени со холограмот на пејачката пред четири години сега страда бидејќи вели дека повеќе не може да комуницира со сопругата. Акихико Кондо (38) се дефинира себеси како фиктосексуалец, личност која чувствува привлечност кон измислените ликови.

Тој организираше венчавка во 2018 година и се ожени со Хатсуне Мику, холограм на распеана 18-годишна тинејџерка со тиркизна коса. Семејството не присуствувало на венчавката, но Акихико тврдел дека тие двајца се среќни.

Сега за јапонските медиуми изјави дека е очаен, бидејќи врската стагнира и повеќе не комуницира со сопругата, а зад се се крие проблем од техничка природа!

Тој се заљубил во Мика во 2008 година, а само девет години подоцна можел да разговара со неа благодарение на уредот Gatebox, кој им овозможува на луѓето да комуницираат со холограми. Тие се венчаа една година подоцна. Но, техничката поддршка за софтверот на тој уред штотуку е откажана, што значи дека сега е „отсечена“ од холограмот со кој се оженил.

Разбирам дека мојата врска не е нормална, но тоа не ги намалува моите чувства кон Мика. Свадбата ја направив затоа што мислев дека ќе бидеме заедно засекогаш, изјави очајниот Акихико, кој сега со себе носи кукла Мика во природна големина.

Погледнете како изгледаше нивната врска!