Од една страна, легнувањето на празен стомак може да го активира кортизолот, хормонот на стресот. Но, од друга страна, јадењето одредени намирници пред спиење може да го наруши и вашиот сон.

Овие намирници треба да се избегнуваат пред спиење:

  • Зачинета храна

Ако сте голем љубител на зачинета храна, можеби е подобро да ја оставите за ручек или рано вечера. Може да го расипе варењето, дури и во средината на ноќта откако ќе заспиете. Зачинетата храна има и високо ниво на капсаицин, фитохемикалија која го зголемува метаболизмот и термогенезата, што исто така може да го попречи сонот.

  • Алкохол

Алкохолот е добро познат по тоа што го нарушува сонот, а многу истражувања го потврдуваат тоа. Не само што го попречува РЕМ спиењето, туку може да го отежне и будењето следното утро.

  • Пржена и масна храна

Оваа храна го попречува варењето во текот на ноќта. Здравите масти како јаткастите плодови, семките или авокадото се во ред, но заситените масти и пржената храна најдобро се избегнуваат, пишува Mind Body Green.

  • Газирани и кофеин пијалоци

Кафето не е единствениот пијалок со кофеин што треба да се избегнува пред спиење, а чаевите со кофеин исто така можат да ве одржат будни.

  • Големи оброци

Како општо правило, треба да избегнувате да јадете големи количини на која било храна пред спиење. Продолжувањето на варењето во текот на ноќта бара енергија. Јадењето поголеми ручеци и полесни вечери помага да се подобри сонот.