Конфликтите околу историјата и историските симболи се повторно важно политичко прашање во Југоисточна Европа.

Во последните месеци владата на Република Бугарија се закани дека ќе го блокира почетокот на преговорите меѓу Брисел и Скопје, барајќи од Северна Македонија да ја прифати „историската вистина“ дека македонскиот идентитет и јазик имаат бугарски корени и дека македонската нација е создадена од Тито и Коминтерн.

Тргнувајќи од ставовите изразени во Декларацијата „Да ја одбраниме историјата“, ние, потписниците на ова писмо, изразуваме протест и осуда за овој случај на историски ревизионизам и злоупотреба на историјата за политички цели.

Ние веруваме дека ваквиот пристап е опасен не само за историјата како хуманистичка дисциплина, туку и за демократијата и просперитетот на регионот, но исто така и на самата Европска унија.

Наметнувањето „историски вистини“ е неприфатливо и опасно. Создавањето на македонската нација не се разликува од начинот на кој се создадени сите други народи, а правото на самоопределување е основно човеково право.

Затоа бараме историчарите во Северна Македонија и Бугарија, но и во сите земји во регионот да бидат професионални и да се спротивстават на злоупотребите на нивната дисциплина.

Бараме од политичарите да водат одговорна политика, да не поддржуваат историчари што ги разгоруваат националистичките конфликти и да не вршат притисоци што доведуваат до фалсификување на минатото.

Бараме од европските институции и земји да реагираат на злоупотребите на историјата, почитувајќи ги основните принципи на Европската унија што се загрозени на Балканот и во Европа овие денови, како што се различноста, антифашизмот и демократијата.

Европската унија е создадена како лек против лошите искуства од минатото и затоа не смееме да дозволиме искривувањата на историјата да ги уништат принципите врз кои се темели идејата за обединета Европа.

Ние, потписниците на ова писмо, им даваме поддршка на интелектуалците и историчарите во Северна Македонија и Бугарија кои отворено се спротивставуваат на политичките притисоци и се борат за заштита на својата професија и професионалните стандарди.

Само солидарно можеме да ги надминеме сериозните пречки што стојат пред нас!

18 ноември 2020 година

Проф. Д-р Дубравка Стојановиќ, универзитет во Белград
Проф. Д-р Хусија Камберовиќ, универзитет во Сараево
Проф. Д-р Твртко Јаков, универзитет во Загреб
Проф. Д-р Бошо Репе, универзитет во Љубjана
Доц. Д-р Аднан Прекиќ, универзитет во Црна Гора
Д-р Сњежана Корен, универзитет во Загреб
Д-р Миливој Белин, универзитет во Белград
Проф. Д-р Дамир Агишиќ, универзитет во Загреб
Доц. Д-р Бранимир Јанковиќ, универзитет во Загреб
Проф. Д-р Момир Самарџиќ, универзитет во Нови Сад
Д-р Олга Манојловиќ Пинтар, Институт за неодамнешна историја на Србија, Белград
Проф. Д-р Хрвоје Класиќ, универзитет во Загреб
Проф. Д-р Радина Вучетиќ, универзитет во Белград
Д-р Срѓан Милошевиќ, историчар, Белград
Д-р Александар Р. Милетиќ, историчар, Институт за неодамнешна историја на Србија, Центар за историски студии и дијалог, Белград
Веjко Станиќ, историчар, Белград
Петар Шарковиќ, историчар, Белград