Најдобрата дестинација за зависниците од адреналин е Хрватска, а на листата се најдоа уште две земји од поранешна Југославија.

Истражувањето на компанијата Superdry анализираше 99 земји во однос на голем број различни фактори, вклучувајќи пешачење, кампување, сурфање, качување, кајак и бројот на национални паркови во секоја земја. На крајот беше добиена конечната оценка за „Авантура на отворено“, а со тоа беа рангирани и најдобрите дестинации за оние кои сакаат активен одмор.

Хрватска е на врвот на листата како светска престолнина на авантуристички патувања. Со резултат од 81,4 од можни 100, оваа земја може да се пофали со прекрасни крајбрежја и бројни национални паркови, како и можности да уживате во кајак, качување по карпи и планинарење.

Од 20 дестинации за авантуристи, дури 15 се наоѓаат во Европа, така што може да се каже дека овој континент доминира.

Освен Хрватска, на листата се наоѓаат уште две земји од регионот – Црна Гора на 13-то место и Словенија на 16-то место.

Целата листа изгледа вака:

1. Хрватска – 81,6

2. Израел – 80,6

3. Хонгконг – 78,7

4. Велика Британија – 78,3

5. Сингапур – 77,6

6. Костарика – 76,6

7. Швајцарија – 73,7

8. Австрија – 73,3

9. Ирска – 73,3

10. Германија – 73,3

11. Кипар – 72,7

12. Грција – 71,9

13. Црна Гора – 71,6

14. Италија – 71,4

15. Холандија – 70,0

16. Словенија – 69,6

17. Тајланд – 69,4

18. Белгија – 69,0

19. Данска – 67,3

20. Франција – 67,3