Секој лек има посебни упатства за употреба, па затоа некои не треба да се земаат на празен стомак, додека други делуваат многу подобро ако се земаат за време на оброк. Сепак, постојат намирници кои не треба да ги јадете додека користите одредени лекови, бидејќи предизвикуваат бројни несакани ефекти.

Ова се советите на експертите кои привлекуваат внимание на намирниците кои добро се комбинираат со лекови, а кои само штетат:

  • Избегнувајте цитрусно овошје

Соковите од цитрус, особено грејпфрутот, во комбинација со одредени лекови, како што се антихистаминици, статини и лекови за висок крвен притисок, може да предизвикаат одредени несакани ефекти.

Сокот поттикнува поголем дел од лекот да влезе во крвта, а ако го има премногу, ќе се појават несакани ефекти.

  • Јадете „неутрална“ и лесна храна

За разлика од нив, лекарите препорачуваат да јадете лесна и неутрална храна, која ќе го премачка стомакот и ќе го стимулира варењето. Благодарение на ова, телото ефикасно ќе ги разгради лековите. Препорачана храна се: крекери, ориз, леб, путер од кикирики…

  • Избегнувајте ја и оваа храна

Експертите наведоа и други намирници што треба да ги избегнувате по два часа од земањето на лекот, како што се:

  • Зелен зеленчук (спанаќ, брокула)
  • Банани
  • Цитрус
  • Сол

Не е препорачливо да се зема оваа храна со АКЕ инхибитори, кои често се препишуваат на пациенти за третман на висок крвен притисок или срцеви мани.

Високата содржина на калиум во нив во комбинација со лекови може да доведе до неправилна работа на срцето.

  • Без алкохол!

Општо е познато дека алкохолот никогаш не треба да се меша со лекови! Алкохолот во комбинација со антидепресиви, лекови против анксиозност (како Xanax), лекови за дијабетес и настинка и грип, бета-блокатори или апчиња за спиење зголемуваат бројни несакани ефекти – од гадење, вртоглавица, повраќање, до забрзано чукање на срцето, аритмија, болка во граден кош, срцев удар, до прекин на дишењето и смрт. Може да ја намали и ефикасноста на лековите!