дома животен стил занимливости ГРАДИТЕЛСКИ ЛОЗИ и СЕМЕЈСТВА од ВЕВЧАНИ

ГРАДИТЕЛСКИ ЛОЗИ и СЕМЕЈСТВА од ВЕВЧАНИ

42
0

Мајсторите од Вевчани имале долга градителска традиција. Тие како добри мајстори зидари, фасадери и гипсари биле распространети низ целиот југоисточен регион на Балканскиот Полуостров и подалеку. Нив ги сретнуваме во Бугарија, Србија, Романија, Грција, Албанија, Русија, Бесарабија и Персија.

Меѓу првите мајстори градители се споменува Нове Русески.

XIX / IV

НОВЕ РУСЕСКИ градел објекти во Цариград. Од Цариград отишол на работа во Влашко (Романија).

XIX / IV

КУЗМАН ГОГОСКИ и СТЕФАН ПУПИН како претприемачи со својата тајфа го граделе народниот театар во Белград (пред 1925).

XIX / IV

МИТРЕ ПАРТАЛОСКИ како претприемач со својата тајфа ги градел Хипотекарната банка во Сараево (1930), Романската амбасада (1933) и Хипотекарната банка во Белград (1936). Градел и други објекти во Белград.

XIX / IV

СЕРАФИН КИТАНОСКИ со својата тајфа го изградил училиштето „Кралица Марија“ на Ташмајдан во Белград.

Вевчанските мајстори-фасадери работеле и на изведбата на објектот на Народното собрание (1931- 33), Министерството за сообраќај (1930), Аграрната банка (1935-36), Државната печатница (1937) и на други објекти во Белград. 

Попознати градителски семејства коишто граделе во првата половина на ХХ век биле Алулоски, Бебекоски, Велкоски, Гогоски, Дејкоски, Јанкоски, Калајџиески, Китаноски, Кочоски, Мукоски, Мурџески, Парталоски, Пешиноски, Попески, Пупиноски, Размоски, Чочороски, Шутиноски и други. Нивната најзабележителна активност била во Србија во периодот меѓу 1918 и 1940 година каде што учествувале преку 200 мајстори во изградбата на позначајни објекти во Белград.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде