Изминатиов период Германија се соочува со огромен недостиг на работници во многу занимања. Затоа работодавачите, но и земјата воопшто, бараат начини како да се справат со недостигот.

Практично половина (49,7% од испитаните компании) во истражувањето на економскиот институт Ифо се жалат дека се принудени да ја намалат понудата поради недостаток на работна сила – пишува klaster.mk

И ситуацијата се влошува во истото истражување спроведено овој април, 43,6% од компаниите го имале овој проблем, што е највисок процент од почетокот на ваквите истражувања во 2009 година.

И додека големите компании сè уште некако го „крпат“ своето производство со работниците што ги имаат, за малите компании – а особено за занаетчиите, работите се рамни на катастр офа. За некако да привлечат и задржат добри работници, тие се принудени да бараат нови решенија.

Така е и со Томас Шмаузер, кој има компанија за инсталатерски услуги во близина на Нирнберг. Четврток е последниот работен ден во неделата за неговите вработени – тие не работат во петок, сабота и во недела.

ИЗВОРВработување
претходниот член,Поза на спиење која ќе ви помогне да го одржите лицето без брчки подолго време
Следната статијаВнимавајте на количината прашок што ја ставате при перењето, може да предизвика иритација на кожата

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде