Напитокот кој многумина го земаат како прва помош против замор може сериозно да го загрози здравјето на организмот. Многумина веруваат дека овој пијалок е безопасен, но истражувањата покажуваат дека тој е еден од предизвикувачите на сериозни физички и психички болести.

Енергетските пијалоци содржат големи количини шеќер, 4 пати повеќе кофеин од кафето, витамини, минерали и нехранливи стимуланси. Високите количини на кофеин и шеќер може сериозно да го подигнат крвниот притисок и да го загрозат здравјето на срцето.

Истражувањата потврдуваат дека овие пијалоци доведуваат до дебелина, несоница, болки во стомакот, иритација на цревата и сериозно оштетување на бубрезите.

Доколку се пијат во големи количини, ја загрозуваат психолошката состојба, па се појавува агресивност, голема чувствителност на стрес и анксиозност.

Британската агенција за регулирање на стандардите за храна пропишува како дозволена дневна доза на кофеин помала од 400 mg, а само мал енергетски пијалок од 250 ml има 80 mg.

Истражувачите истакнуваат дека има доволно докази дека енергетските пијалоци имаат негативно влијание врз здравјето, а родителите треба да обрнат посебно внимание бидејќи овие пијалоци се лесно достапни за децата.

ИЗВОРАло
претходниот член,Македонското малцинство во Албанија под притисок на Софија да се декларира како „бугарско“
Следната статијаПолот никогаш не и бил пречка: Првата новинарка на која и било дозволено да ги фотографира воените ровови во Прва Светска Војна