Со денови Македонците во Албанија алармираа дека се под притисок и уцени од Софија да се запишат на претстојниот попис како Бугари и дека им се нудат бугарски пасоши. Пратеникот Стерјовски повеќепати изјави дека Бугарија со закана за вето извршила притисок врз Тирана да признае непостоечко бугарско малцинство, кое е, всушност, македонско.

И претседателот на здружението „Илинден“ од Тирана Никола Ѓурѓај вели дека во Албанија никогаш немало Бугари.

Станува збор за побугарени Македоци и тоа за пари и за други интереси. Тие кои се декларираат како Бугари во Голо Брдо и Гора знаат дека се Македонци, но тоа се лица кои поради материјални интереси сега шират антимакедонска пропаганда. Сето оваа е поврзано и со состојбите помеѓу Македонија и Бугарија и притисоците на Софија за бугаризирање на Македонците – вели Ѓурѓај, кој е политички аналитичар и главен уредник на весникот „Илинден“.

Според него, пропагандата од Софија особено е зајакната откако македонските здруженија во Албанија и партијата МАЕИ побараа од владата на Еди Рама да го прифати барањето Голо Брдо и Гора да се формираат како две нови општини во Албанија со македонско мнозинско население.

ИЗВОРСлободен печат
претходниот член,Во Северна Америка започна масовна роботизација на работната сила
Следната статијаЕнергетските пијалоци сериозно го оштетуваат срцето и крвните садови

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде