Напитокот кој многумина го земаат како прва помош против замор може сериозно да го загрози здравјето на организмот. Многумина веруваат дека овој пијалок е безопасен, но истражувањата покажуваат дека тој е еден од предизвикувачите на сериозни физички и психички болести.
Енергетските пијалоци содржат големи количини шеќер, 4 пати повеќе кофеин од кафето, витамини, минерали и нехранливи стимуланси. Високите количини на кофеин и шеќер може сериозно да го подигнат крвниот притисок и да го загрозат здравјето на срцето.
Истражувањата потврдуваат дека овие пијалоци доведуваат до дебелина, несоница, болки во стомакот, иритација на цревата и сериозно оштетување на бубрезите.
Доколку се пијат во големи количини, ја загрозуваат психолошката состојба, па се појавува агресивност, голема чувствителност на стрес и анксиозност.
Британската агенција за регулирање на стандардите за храна пропишува како дозволена дневна доза на кофеин помала од 400 mg, а само мал енергетски пијалок од 250 ml има 80 mg.
Истражувачите истакнуваат дека има доволно докази дека енергетските пијалоци имаат негативно влијание врз здравјето, а родителите треба да обрнат посебно внимание бидејќи овие пијалоци се лесно достапни за децата.