Иако понекогаш луѓето ви даваат добронамерни совети, тоа не е доволно тие да допрат до вас и да ве натераат системски да се смените.

Единствен начин луѓето да ве променат е со безусловна љубов.

Многу од партнерите кога влегуваат во врска, имаат замерки за навиките на другиот или некои особини кои мислат дека со тек на време ќе ги сменат.

Од другата страна, партнерот точно знае дека тие навики се лоши и штетни за него, но тој нема да ги смени доколку постапите погрешно.

На пример давате услови – Ако не го направиш тоа, ќе се соочиш со тоа, или постапувате од позиција на моќ – Мораш да ги смениш тие навики, или премногу авторитарно постапувате кон партнерот.

Наместо тоа, пружајте му безусловна љубов, поддршка и разбирање, искажете му ги вашите чувства, покажете му дека ве повредуваат некои негови постапки бидејќи се штетни по него и со тек на време тој / таа ќе се смени темелно.

Бидејќи искрената љубов е сигурност, доверба и темел, за партнерот целосно да ви се препушти тој треба да се увери во вашата љубов, разбирање и поддршка.

Така меѓувас нема да има тајни, ќе имате огромна близина која нема да може никој да ја загрози или да застане помеѓу вас.

  • Самоповредување

Понекогаш луѓето прават грешки, поради кои трпи вашиот однос бидејќи имаат потреба да се самоповредат.

Во минатото имале сигурно лоши искуства, недостаток на внимание или љубов, биле оставани да плачат како деца без некој да поведе сметка за нивните емоции.

Сите тие облици на однесувања се пренесуваат и кај возрасниот што на потсвесно ниво, освен себе, ги повредува и другите бидејќи нема доволно љубов ниту кон себе ниту кон другиот.