Допирот има силно позитивно влијание врз човековото општо здравје. Пред се има позитивен имакт врз менталното здравје.

Човечкиот допир е важен за создавање на психички и социјално здрава личност, затоа психолозите и социолозите советуваат што е можно поблизок контакт на родителите со детето во неговите рани години.

Сепак, не се само децата тие на кои им е потребен допир и близок контакт, туку и возрасните.

Ако сте социјални, често се гушкате со другите луѓе, се поздравувате со отворена дланка, покажувате топлина кон партнерот или другите членови на семејството, тогаш вие сте среќна личност.

  • Хормони на среќа 

Допирот го поттикнува лачењето окситоцинот, кој често се нарекува хормон на љубовта или хормон на задоволство и среќа.

Научно е докажано дека човековиот допир не може да го замени допир на материјали, животно или друг тип на контакт.

Затоа потребно е да се социјализирате помеѓу луѓето и да создавате блиски контакти.

За ваше здравје пред се, а потем и за нивно!

  • Вклученост 

Допирот со другите луѓе ви дава чувство на вклученост во носењето на одлуките и претставува невербален начин да се одаде некому важност.

Сите сакаат да допрат работи кои се префинети, глатки, убави, а секој бега подалеку од работи кои се деструктивни.

Затоа нечија близина кон вас, покажува колку сте му важен или важна.

Секако тоа не ги вклучува едностраните потреби некој да ви биде во ваша близина.

Се треба да е производ на обострана желба.

  • Љубов 

Има вистина во тоа дека „Далеку од очи, далеку од срце“.

Далечината со другите луѓе природно ги гаси емоциите бидејќи некој не е пристапен како објект кој ги задоволува вашите потреби од емотивна природа, блискост, допир…

Ако сакате да ја зачувате вашата љубов бидете што е можно почесто заедно.

Во спротивно врската ќе ви се сведе на чиста формалност, а вашите емотивни и сексуални потреби ќе ги задоволувате надвор од врската!