Општо е познато дека недела е ден предвиден за одмор и најголем број од луѓето немаат работни обврски во недела.

Неделата се разбира како одмор од сите случувања во претходните 6 дена, ден за организација и планирање на следната недела, ден за спиење и ден за семејство.

Но може ли се тоа да се собере во еден ден?

Одговорот е дефинитивно „ДА“.

Недела е ден кој најмногу треба да го предвидите и организирате токму поради тоа што треба да направите многу работи во само еден ден.

И одморот не е одмор ако не го испланирате добро.

Предлог како да ја организирате неделата:

  • Спијте барем 2 часа подолго од вообичаеното

Дека е ден за одмор треба да покаже вашиот часовник според кој се будите два часа подоцна од вообичаеното овој ден.

Искористете го слободното време да го одморите вашето тело и да го подготвите за нови работни предизвици, но и да имате енергија за се она што ве очекува во недела!

  • Средување на домот 

Кога ако не во недела? Но тоа не треба да трае премногу, одвојте 1-2 часа да го уредите домот, да ја подигнете хигиената на повисоко ниво и да ги вклучите машините за перење и пеглата.

Не си го трошете цел ден во средување на домот, нека биде тоа брз рутинска постапка, а хигиената одржавајте ја секој ден.

  • Испланирајте време за семејството

Недела е ден за семејството, пријателите или нам драгите луѓе. Испланирајте неделен ручек, ако е можно што подалеку од дома.

Отидете во природа или излезете во убав ресторан. На тој начин ќе си заштедите енергија од готвење, подготвување и собирање на трпезата и потполно ќе уживате во разговор и дружење со пријателите и семејството.

  • Време за себе 

Вечерта посветете ја само на себе, завршете ги сите обврски околу планирање на следниот ден, децата и домот и одвојте малку време за себе пред заспивање.

Без разлика дали сакате да читате книга, правите домашен педикир, се затворате во соба и слушате класична музика или медитирате, направете го она што го сакате.

На тој начин ќе ја завршите неделата давајќи си награда себе и тоа ќе ве држи мотивирани да ја „преживеете“ претстојната недела полна со стрес.