Фармацевтските компании неодамна претставија – фармацевтска сода бикарбона или, како што поинаку ја нарекуваат сода бикарбона без алуминиум.

Доктор Бојана Мандиќ, во своите подкастови објаснува дека станува збор за чист маркетиншки трик.

Сода бикарбона не содржи во себе алуминиум ниту било кој друг вид на метал.

Само прашок за пециво, може во себе да содржи алуминиум во мали и занемарливи количини.

Алуминиум во сода бикарбона може да се најде само доколку некој намерно додаде во процесот на производството.

Според нејзините наводи, купувањето на сода бикарбона од аптека наместо од маркет е маркетиншки трик на фармацевтските компании.

Во суштина, во однос на составот не постои никаква разлика дали ќе купите сода бикарбона од аптека или од маркет.