За време на високите летни температури, веројатно едвај чекате да влезете во разладена просторија, а веројатно користите клима и дома и на работа.
Експертот Марк Редик, еден од авторите на книгата „Советник за спиење“, вели дека користењето на клима уред не е најдобрата можна опција додека спиеме. Според неговите зборови, тоа може да биде лошо за оние кои страдаат од астма. Истото важи и за користење на вентилатор додека спиете.
На многумина, вентилаторите, особено оние таванските, им помагаат да заспијат, но тоа воопшто не е добро бидејќи може да предизвика алергиски напад и суви очи, вели тој.
Ова, секако, се однесува и за користење на клима уред во текот на ноќта, па советот на Редик е добро да ја разладите просторијата пред спиење, а потоа да ја исклучите климата или да ја оставите вклучена во друга просторија.
Редик потсетува дека, покрај алергиските напади и проблемите со суви очи, може да се појават и други проблеми како што се вкочанетост и болки во грбот.
Секако важно е и редовното чистење на клима уредите и вентилаторите, а една од работите на која предупредува овој експерт е сувата кожа како последица на постојаното користење на клима уредите.
Кога тој воздух дува долго и често, кожата се суши. Лосионите и кремите ќе помогнат, но не ако тоа стане навика во текот на целото лето, објаснува Редик.