За време на високите летни температури, веројатно едвај чекате да влезете во разладена просторија, а веројатно користите клима и дома и на работа.

Експертот Марк Редик, еден од авторите на книгата „Советник за спиење“, вели дека користењето на клима уред не е најдобрата можна опција додека спиеме. Според неговите зборови, тоа може да биде лошо за оние кои страдаат од астма. Истото важи и за користење на вентилатор додека спиете.

На многумина, вентилаторите, особено оние таванските, им помагаат да заспијат, но тоа воопшто не е добро бидејќи може да предизвика алергиски напад и суви очи, вели тој.

Ова, секако, се однесува и за користење на клима уред во текот на ноќта, па советот на Редик е добро да ја разладите просторијата пред спиење, а потоа да ја исклучите климата или да ја оставите вклучена во друга просторија.

Редик потсетува дека, покрај алергиските напади и проблемите со суви очи, може да се појават и други проблеми како што се вкочанетост и болки во грбот.

Секако важно е и редовното чистење на клима уредите и вентилаторите, а една од работите на која предупредува овој експерт е сувата кожа како последица на постојаното користење на клима уредите.

Кога тој воздух дува долго и често, кожата се суши. Лосионите и кремите ќе помогнат, но не ако тоа стане навика во текот на целото лето, објаснува Редик.

ИЗВОРТочка
претходниот член,Што и да работите, дајте се од себе!
Следната статијаПоза на спиење која ќе ви помогне да го одржите лицето без брчки подолго време

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде