Децата дефинитивно нема да бидат вакцинирани во првиот бран на имунизација. Делумно затоа што вакцината сè уште не е тестирана на нив.

Фајзер неодамна објави дека ќе ги вклучи првите 12-годишници во својата програма за тестирање – и делумно затоа што останува да се види како телото ќе реагира на имунизацијата кај возрасните.

Ова сепак не значи дека научниците не бараат најдобри начини да ги заштитат и нив. Она за што сите предупредуваат е дека кога станува збор за вакцина за коронавирус за деца, никогаш не треба да се брза.

На прво место за да се отстранат опасностите од појава на мултисистемски воспалителен синдром (МИС-Ц), што кај деца заразени со епидемија на КОВИД-19 може значително да ја комплицира ситуацијата.

Досега, инциденцата на МИС-Ц синдром е мала: само две од 100.000 заразени. Но, експертите стравуваат дека вакцината може да ја зголеми таа стапка. И додека не се реши тоа прашање, имунизацијата меѓу најмладите ќе биде во мирување.