Додека трае дводневната средба на македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања, властите во Скопје со пораки дека разговорите со Бугарија ќе продолжат и покрај најавеното вето за старт на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.

Научната заедница и МПЦ се огласија со порака дијалогот со Софија да се води на рамноправна и принципиелна основа, со почитување на меѓународното право и сознанијата на науката.