Иако има повеќе пари отколку што можеше да потроши за педесет животи, основачот на „Мајкрософт“ се обиде да замисли како ќе живее ако по некоја случајност беше целосно сиромашен.

Помина многу време помагајќи им на сиромашните во Африка и добро знае како луѓето преживуваат во екстремна сиромаштија, а сега понуди совети како да преживееме со само два долари на ден или скоро 100 денари.

Би одгледувал кокошки. Како прво, кокошките се лесни и ефтини за згрижување, а јас исто така можам да придонесам за одржување на здравјето на децата бидејќи тие се непроценлив извор на хранливи материи. Јајцата можат да помогнат во борбата против неухранетоста, а постои и можност за продажба на кокошки и јајца, а потоа со тие пари да се купи друга храна. Кокошките се добра инвестиција. Да претпоставиме дека земјоделец започнува со пет кокошки. Еден сосед има петел што може да оплоди кокошки за да има повеќе јајца. По три месеци, еден земјоделец може да има дури 40 кокошки. Конечно, продажна цена од пет долари за пиле, што е типична цена во Западна Африка, може да доведе до заработка од над 1.000 долари годишно – објасни Гејтс во својот блог.