Алтернативната медицина смета дека младиот кромид е неверојатно вредна и здрава храна што делува на телото внатре и надвор.
Освен што помага при настинки и го намалува високиот крвен притисок, пролетниот кромид има антиинфламаторно својство и работи против габи, стрес и замор.
Болка во грлото
Исечете ја половината на зелениот дел на парчиња, додадете малку изрендан ѓумбир и сол и ставете го сето тоа во кесичка или крпа и загрејте ја.
Топлата смеса завиткајте ја во друга крпа и ставете ја на воспаленото место.
Младиот кромид има антиинфламаторни својства.
Отечени нозе
Гответе го зелениот дел од пролетен кромид неколку минути.
Измешајте го со мешалка (додадете многу малку вода доколку е потребно) додека смесата не се претвори во паста.
Нанесете ја оваа паста на отечените делови на нозете.
Назална конгестија
Смачкајте малку зелен дел од пролетен кромид и натопете парче памучна крпа во неговиот сок.
Нанесете таква влажна мешавина на областа на носот и синусите. Лакот ќе ја активира слузницата и ќе ги отпушти каналите.