На голем број од луѓето работата им се сведува на гледање во екран, куцање на тастатура или пребарување по Интернет просторот.

Но тоа значи долго време фокус на очите на неколку инчен екран, што може сериозно да го оштети видот.

Ако се еден од тие луѓе кои голем дел од времето го минутаат работејќи на комјутер, лап топ или таблет тогаш правете ги следниве вежби и затштитете си го видот:

  • Секои десет минути тргајте го погледот од екран

Наместете потсетник-аларм на телефон да не изгубите контрола и на секои десет минути направете 1 минутна пауза.

Погледнете неколку пати со очите лево – десно и горе – доле.

На тој начин ќе избегнете феномен на „интертно око“ или забавување на движењето на очниот мускул.

  • По секои два часа излезете од канцеларија

Излезете од канцеларија и фокусирајте го погледот на зелено дрво или погледнете кон небото и облаците.

На вашето око и визуелна перцепција им се неопходни бои што се природни, а не оние што доаѓаат од разни диоди и светлосни емитери.

Правете пауза од 5 до 10 минути на секои два часа и искористете го времето да погледнете кон природата!

  • Краставица 

Кога ќе завршите со работа, директно под маска за освежување на очниот мускул.

Ставете две краставици на очните капаци и држете ги најмалку десетина минути.

Така ќе избегнете црвенило и гурилки на очите.