Човечкото тело е создадено за движење (треба да одиме два часа на ден), поради што предолгото седење им штети на црниот дроб, телесната тежина, мозокот, менталното здравје и премалку движење може да го намали очекуваниот животен век.

Со желба да се намали штетата предизвикана од неколку часа седење на работа и дома, многумина се одлучуваат за разни вежби и тоа е пожелно и корисно, но откриено е дека постои многу подобар начин да се намалат негативните ефекти од продолжено седење на организмот – само стани!

Научниците од Кралскиот колеџ во Лондон анализирале 38 стратегии дизајнирани да го намалат времето што го поминуваме додека седиме и дошле до заклучок дека редовно станување е најдобар начин.

Значи, решението е да се намали времето поминато во седење, наместо да се зголемува физичката активност.

Затоа, искористете го секој можен момент на работа за да станете од работната маса, макар и неколку секунди.

ИЗВОРНовости
претходниот член,Променливо облачно и свежо време не очекува денеска
Следната статијаУтре се емитува нова емисија „Мој збор“ на балканското радио МОСТ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде