Со нови гости, вклучувања од сите страни на Балканот, нови енергии, многу музика, забава, нови содржини и награди, ќе биде одржана нова емисија „Мој збор“ на Радио МОСТ.

Радио МОСТ е интернет радио, мултилингвално, мултикултурно и интеркултурно радио кое се емитува на интернет просторот www.radiomost.net.

Телефонски вклучувања и гости ќе има од Сарајево, Нови Сад, Скопје, Белград, Куманово, Врање, Струга и многу други градови низ Балкан.

Ќе имате можност да ги проследите содржини поврзани со – активност на невладини организации, спорт, музика, поезија, книжевност, издаваштво, култура и уметност воопшто.

Емисијата „Мој збор“ започнува во 12.00 часот и трае до 14.00 часот.

Автор и водител на емисијата е – Магдалена Стојмановиќ.