Абнормалност е нетипично функционирање кое обично е лошо прилагодливо.

Во социјалната работа, овој термин повеќе се однесува на однесување отколку на личност.

Вклучува сè што значително отстапува од просек, прописи, правила, норми или е нездраво, неисправно.

Абнормалното однесување не нужно значи здравствена или медицински детектирана девијација и може да значи единствено нетипично однесување кое може да отстапува од рамките на легалното или моралното.

Абнормалното однесување се коригира само преку социјални институции, а патолошкото нужно бара третман и од медицинските.

Патологија (од старогрчки pathos = болка и logos = збор) е студија на болестите.

Таа е форма на наука и гранка на медицина што вклучува тестирање на примероци и дијагноза на проблеми со физичкото здравје врз база на доказите.

Патолозите се вешто во интерпетирање на тест резултати и физички докази.

Патологија во општествена смисла се однесува на медицинско отстапување кое има импликација врз однесувањето на пеодинецот и влијае негативно врз општествените врски, групирања и социјалните контакти.

При дијагностицирање на психијатриската патологија се прави генеза на социјалните односи, нетипичното однесување, контактибилност со другите и сл.

Патологијата се изучува и во општествените науки како на пример социологија на здравје и болести или социологија на медицината.