Во дистопискиот роман на Олдус Хаксли „Храбар нов свет“ објавен во 1932 година во екот на Големата депресија, среќата е поставена како врвна вредност, а психијатриските лекови ги заменуваат полицијата и гласачките кутии како основа на политиката.
Секој ден, секој човек, зема доза на „сома“ синтетичка дрога што ги прави луѓето среќни без да влијае врз нивната продуктивност и ефикасност.
Новата Светска држава што владее во целиот свет никогаш не се соочува со закани од војни, револуции, напади или демонстрации, затоа што сите луѓе се крајно задоволни со својата состојба каква и да е.
Визијата за иднината на Хаксли е многу повознемирувачка од таа на Џорџ Орвел во романот „1984“. Светот на Хаксли за повеќето читатели е монструозен, но тешко е да се објасни зошто.
Сите се постојано среќни – што има лошо во тоа?