Променливо облачно и студено, попладне и во вечерните часови ќе има нови врнежи од снег, позастапени и пообилни во западните делови.

Само во крајните југоисточни делови врнежите ќе бидат од дожд и снег.

Во поголем дел од земјава ќе се формира снежна покривка, а во западните делови позначително ќе се зголеми.

Најниската дневна температура во Скопје ќе изнесува -4, а највисоката 2 степени.