Оваа руска супа се служи и во ресторани ширум светот и е популарна по рустикалниот изглед и богатиот, чаден вкус и арома.
Русите го нарекуваат солјанка, или селска супа, и многу е погодно ако имате оставено месо со кое не сте сигурни што да правите.
Сувото месо можеби не е најздраво, но оваа руска супа содржи многу други здрави намирници. Тоа се лимони, кисели краставички и маслинки.
Се служи топлa, со голема лажица кисела павлака која го „гасне“ нејзиниот силен вкус.
Еве како да ja подготвите:
Компоненти:
- Суво колено (може и ребра)
- 100 грама пушено месо по ваш избор
- Ловоров лист
- Бибер во зрно
- Три кисели краставички
- Еден морков
- Еден кромид
- Концентрат од домати
- Сушена пиперка
- Маслинки една шака
- Сок од половина лимон
- Бибер
- Други зачини по вкус
Подготовка:
Ставете го реброто или коленицата во шерпата и додајте вода да кисне, додадете две ловоров лист и неколку зрна бибер и вриејте на средна топлина околу еден час.
Исецкајте го месото, и оставете го да се излади.
Во голем сад испржете го кромидот и морковот. Додадете концентрат од домати, зачинете со сол и бибер, а потоа додадете го исецканото суво месо, исечено на коцки.
Додадете вода, додадете исецкани кисели краставички и околу децилитар течност од теглата со краставици.
Зачинете со сушена пиперка, оставете да се крчка 10-15 минути и кога сите состојки убаво ќе омекнат, исклучете го огнот и додадете ги исецканите маслинки и сок од лимон во супата.
Оставете го најмалку 20 минути за да се развијат вкусовите и послужете со кисела павлака, попрскана со зачин.