Меркел има намера да остане на функцијата до крајот на следниот мандат.

Вечната канцеларка тогаш, како што и самата најави, ќе се повлече од политиката.

Апелите на Ангела Меркел да ја преиспита нејзината одлука за повлекување станаа сè погласни за време на пандемијата на корона вирус, кога уште еднаш се покажа како прагматичен и одлучен политичар кој успешно ја води својата земја низ историска криза.

Имаше извештаи дека планира да остане на функцијата во случај Доналд Трамп да победи на изборите.