Собирање на токсините во нашето тело може да предизвика неколку абнормалности, како на пример прекумерено дебелеење, срцеви заболувања, пад на имунитет и сл.
Детокс терапиите се препорачуваат најмалку 2 пати во текот на неделата, а оптимално конзумирање на детокс терапиите е еднаш во текот на денот.
Ви препорачуваме три наефикасни детокс терапии:
Детокс чај
Детокс микс чај се состои од листови од нане, плод од бел трн, корен од глуварче, плод од сладок анасон, лист од магдонос, цвет од бозел , лист од орев и мечкино грозје.
Детокс чај помага при исфрлање на токсините и нема негативни нус ефекти врз здравјето.
Свежо цеден портокал со лимон
Цеден портокал и лимон се идеални за детоксикација на вашиот организам. Цедениот сок ќе го забрза вашиот метаболизам со што ослободувањето од отровите ќе оди значително побрзо и ефикасно.
Супа
Супа со зеленчук и помалку тестенини е идеална детокс терапија. Особено е ефикасна ако наместо регуларен оброк се зема чинија супа.
Електролитите од супата ќе се врзуваат со вода, ќе го поттикнат вашиот жед, а поголемо количество на вода помага во исфрлање на токсините од вашето тело.