Некогаш е неопходно да останеме будни додека нивото на енергија опаѓа и телото природно посегнува по сон и одмор.
Обично во такви ситуации, сите посегнуваме по кафе, мислејќи дека кафето ќе е извор на потребната дополнителна енергија во тој момент.
Сепак, постојат многу поефикасни напитоци од кафето кои ни ја даваат потребната свежина и нè одржуваат будни и витални подолго време.
Доволно е да исцедите – 2 портокали и 1 лимон, без при тоа да додавате вода, мед или шеќер.
Една чаша цеден портокал и лимон ќе ве освежи и ќе ви го зголеми еланот.
Со однос на тоа дека, овој напиток содржи витамин Ц со цел витамин Ц да не се изгуби, туку правилно да се апсорбира, потребно е да го конзумирате половина час до 40 минути по земениот оброк кој содржи железо.
Доколку свежо цедениот сок го испите пред јадењ, најверојатно витаминот Ц ќе го исфрлите од организмот веднаш бидејќи нема да има за што да се врже.
Во случај да го конзумирате за време на јадење или непосредно по јадењето, веројатно е дека состојки што содржат шеќер побрзо ќе влезат во крв од витамин Ц, а неапсорбираниот витамин, ќе се исфрли од телото.