Откако во јавноста се потегна прашањето за исправноста на одлуката средствата од буџетот на локалната самоуправа да се вложат во новогодишни украсувања и концерти во доба на епидемија, општина Куманово прва ги пренасочи буџетските средства во зголемувањето на капацитетите на онлајн наставата.

Оваа година Ден на град – 11 Ноември ќе се одбележи скромно, со намален број на настани под посебни протоколи и мерки за заштита од корона вирусот. Средставата што беа наменети за одржување на празничниот концерт, огнометот и новогодишното украсување на градот, ќе бидат наменети за обезбедување и набавка на таблети и друга електронска опрема, која ќе се користи за он – лајн настава за учeниците, објави на својот фејсбук профил градоначалникот на општина Куманово – Максим Димитриевски.