Собирите ќе бидат забранети, рестораните затворени, културните и забавните настани ќе бидат откажани, а полицискиот час, кој сега започнува на полноќ, ќе биде продолжен од 20:00 до 5:00 часот наутро, рече Виктор Орбан на видеото објавено денес на Фејсбук, пренесува агенцијата Франс Прес.

Ограничувањата што треба да ги одобри парламентот се воведуваат 30 дена.

Средните училишта и универзитетите се селат на учење на далечина, спортските настани ќе се одржуваат без публика.

Ако инфекциите со корона вирусот продолжат да растат со сегашната стапка, унгарската болница нема да може да го поднесе товарот, рече Орбан во видео обраќањето.

Унгарија денес објави 5.162 нови случаи на инфекција со корона вирус и 55 смртни случаи, со што вкупниот број на заразени достигна 114.778 и 2.493 смртни случаи.

Хотелите ќе можат да примаат само деловни патници, а не туристи.

Присуството на семејни настани е ограничено на 10 лица, а на погреби на 50. Театрите, кината и спортските сали ќе бидат затворени.

Основните училишта и градинките ќе продолжат да работат нормално, но наставниците и здравствените работници ќе мора редовно да се тестираат секоја недела, рече Орбан.