Некои луѓе преферираат да спијат во целосна темница, други, пак, спијат со пригушено светло или телевизор.
Долго време се сметаше дека тоа е прашање на индивидуална навика, но постои научно оправдана препорака дали треба да спиете во целосна темница и колку треба да биде осветлена вашата просторија.
Мало и пригушено светло се препорачува да осветлува мал дел од собата, но светлинските зраци да не удираат директно во вашето лице, а еве и зошто:
Луѓето кои спијат со мало светло во соба имаат помалку кошмари
Кошмарите настануваат поради потиснат страв. Стравот е поврзан со иреационални и необјасниви појави, а темнината е состојба која ја има таа мистериозност и непознатост што го стимулира стравот.
Контрола над просторот
Ако имате мало дете, малото осветлување ви дава целосна контрола над просторот која ви е потребна за навремена реакција кон детето доколку за тоа има потреба.
Луѓето кои спијат со пригушено светло се будат порано
Докажано е дека луѓето кои спијат со малку светло во собата, се будат порано од луѓе кои имаат апсолутна темница во собата. Светлината ви е свесен сигнал кој го праќате на потсвеста дека треба да се разбудите во точно определено доба бидејќи ве чека нешто важно.