дома животен стил Зошто е подобро брзо пешачење, отколку трчање за тренинг за почетници?

Зошто е подобро брзо пешачење, отколку трчање за тренинг за почетници?

772
0

Трчањето може да ве измори за краток временски период ако се воведувате допрва во тренингот.

Брзото одење за разлика од трчањето може да ве одржи активни подолг временски период. Со брзото одење се забрзува срцевиот пулс помалку отколку со трчање, но колку повеќе време поминувате со благо кренат пулс толку повеќе калории трошите.

Трчањето и џогингот се препорачуваат за луѓе кои се подолго време во тренинг и кои имаат кондиција да поминат неколку минути во трчање.

Потребно ви е најмалку 30 минути активно брзо пешачење за да почнете да согорувате калории. Почетниот тренинг треба да се состои од 30минутно брзо пешачење и секојдневно зголемување на минутажата од пешачење по 5 минути.

На тој начин ќе ја зголемите физичката кондиција и ќе дојдете до побрзо согорување на заталожените калории во масните наслаги.