Ништо од вакцината: Се работи на нова, иновативна терапија со помош на моноклоналните антитела за лекување на пациентите од КОВИД19

913

Моноклоналните антитела се извлекуваат од крвта на пациентите кои закрепнале од коорнавирус.

Идеално, терапијата со антитела треба да се примени во рана фаза од болеста, дури и пред заразата како превенција, бидејќи може да пружи имунитет.

Десетици компании и научни групи се во трка за развој на терапии со антитела.

„Регенерон“ и фармацевтската компанија „Ели Лили“ побараа дозвола за итна употреба на нивните производи од Администрацијата за храна и лекови.

Дел од научниците ги полагаат надежите во „Прометеј“, научната група која моментно заостанува зад конкуренцијата, а сепак би можела да го пронајде најмоќното антитело.

„Прометеј“ претставува соработка помеѓу академските лаборатории, Армискиот медицински институт за заразни болести на САД и компанијата „Адимаб“.

Извор: Нова Македонија