дома животен стил Мал тест со кој ќе препознаете дали вашиот соговорник има јака индивидуална...

Мал тест со кој ќе препознаете дали вашиот соговорник има јака индивидуална свест

552
0

Повеќето од луѓето, особено на нашите простори имаат поистакната групна отколку индивидуална свест.

Колективистичкиот начин на уредување на општеството се наведува како главна причина за тоа што групите, особено примарните – како семејството, се потенцираат повеќе отколку индивидуалната свест или идентитет.

Ако поединецот повеќе ја потенцира својата групна отколку индивидуална свест, тогаш имате работа со неколку луѓе кои припаѓаат во таа група, а не само со еден поединец.

Доколку вашиот парнер претерано се идентификува со примарното семејство од каде што потекнува, погответе се да се допаѓате на целото семејство, а не само на партнерот со кој ќе градите ново.

Со цел да препознаете со каква личност „имате работа“ ви предлагаме мал тест што можете да го спроведете во секојдневен разговор:

Посочете реченица која почнува со „Ние“, на пример „Ние сме одличен тим“.

*Ако соговорникот од прва претпостави дека зборувате за него и за вас, тогаш тој се идентификува со група и заменката „ние“ веднаш му сугерира и обезбедува присуство во групата.

Тој тип на луѓе има особена предност при вработување во големи компании каде што се бара „чувство на припадност“, „лојалност“ и „тимска работа“. Но доколку сакате да изберете пријател за себе или партнер, овој тип на луѓе брзо ќе ви здодее бидејќи неговата персоналност е истисната зад нагласеното чувство на припадност во група.

Сигурно не сакате партнер кој ќе зборува постојано со „Ние“ и со тоа ќе зборува во ваше име или ќе дозволи вие да зборувате во негово име. Тоа ќе ви ја угуши слободата која е најпотребна токму во најблиските релации што ги градиме со другите.

*Ако одговорот е прашање преку кое се бара поголемо објаснување, од типот на – „Кои ние?“ или „Јас и ти?“ тогаш имате работа со личност која не сака да стопи во група и да ја изгуби персоналноста.

Напротив таквите личности секогаш ја ставаат својата индивидуалност на прво место, а групата ја разбираат само како прост збир од неколку индивидуи.

Таквите луѓе се креативни, слободоумни, самоуверени, свртени кон себе, но и партнери кои може да ве инспирираат да станете подобра верзија на себе, порадо отколку оние кои ќе преиспитуваат дали секојваш чекор е во согласност со некои групни конвенции и принципите на некоја фиктивна заедница што постои само во нивните глави.