Професионалните работници се ретки, а аматеризмот во секоја струка е присутен. Да се биде професионалец е резултат на добро образование, многу труд, но и работна професионална работна етика. Професионалната работа не е важна само за угледот на работникот, таа е нужна за целото претпријатие, институција или општество.
Само професионалната работа може да донесе раст и развој на компанијата, унапредување на работата на институциите и општествена благосостојба. Затоа професионализмот не треба да се сфати само како личен избор, туку и како одговорност кон другите.
Професионалната работа се разликува од аматерската по многу ставки. На прв поглед веќе може да заклучите дали работата ја обавил аматер или професионалец. Работата на професионалецот е потемелна. Но доколку сакате да имате длабински пристап во откривање на професионалните слоеви, применете ги следните алатки:
- Професионалецот се држи до правилата, но е и креативен
Професионалецот се држи до кодексите на својата работа и ги почитува сите правила, но не е ригиден и создава свои креативни начини како да ја сработи работата.
Кративноста се однесува на економизација на времето за обавување на работната задача или продукт кој е свеж и оргинален. Професионалецот не работи „школски“ туку има свој суверенитет и ја владее својата работа одлично.
- Обрнува внимание на квалитетот, а не на квантитетот
Професионалниот работник се грижи за квалитетот на својата услуга или производ и тој нема да создава само за да покрие норма. Важно му е услугата и производот што ги изработил да бидат задоволувачки.
Професионалната етика налага аутпутот од работата да го гледаме како дел од нашата личност, а не како производ или услуга што треба друг да ја користи и за кои не треба да ни биде гајле.
- Важен им е угледот, а не заработката
Професионалниот работник не можете да го искомпримитирате бидејќи тој своите услуги и производи не ги гледа низ призма на парична вредност, туку низ призма на својот углед.
Професионалниот работник се срами да понуди лоша услуга или лош производ на своите корисници, без разлика на тоа колку и да му биде платено тоа да го направи.
Едноставно на професионалецот образот му е поважен од парите!