Сонцето, месечината и Земјата денеска беа на иста рамнина, па беше можно да се види делумно затемнување на Сонцето. Во оваа прилика, Месечината покривала една третина од дијаметарот на Сонцето, а затемнувањето било највидливо околу 12:30 часот.

Астрономијата прави разлика помеѓу три типа на затемнување – целосно, што беше видливо во Македонија во 1999 година, прстенесто и она што се случи денес – делумно. Кога Месечината е помеѓу Земјата и Сонцето, дел од ѕвездата е заматен. Во текот на годината може да се случат две до пет затемнувања на Сонцето, но тие не се секогаш видливи од истото место.

Иако кај нас затемнувањето беше делумно и се гледаше само 40 отсто од покривањето на Сонцето, во Русија овој феномен е највидлив, бидејќи Месечината покрива 71 отсто од Сончевиот диск. Следен е Иран, а жителите на Техеран можеа да видат 64 отсто од покривањето на оваа ѕвезда.

 

ИЗВОРNationalGheographic.rs
претходниот член,Емисиите на CO2 во ЕУ се зголемени за пет проценти во споредба со 2020 година
Следната статијаКако до поголема професионализација?

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде