Интервјуто за вработување често се претвора во усна презентација на професионалната биографија и можности менаџерот или работодавецот да ве види и да ги оцени вашите можности.
Но интервјуто за работа не треба да се смета само за средба со работодавецот или менаџерот на кое вие ќе се трудите да импресионирате и да ја добиете работата. Важно е исто така, да ги поставите и вие јасно своите услови бидејќи од тоа што ќе се договрите на интервјуто за работа ќе зависи понатамошното ваше задоволство од вработувањето и опстојувањето во компанијата.
Затоа при интерввјуто важно е да дознаете и дали условите што работавачот ги нуди вам ви одговараат.
Запомнете дека освен тоа што вие барате работа и работодавецот бара работник
Да се најде добар работник е вистинска реткост. Затоа треба да бидете свесни дека освен тоа што работодавецот има очекувања од вас и вие имате очекувања од работата.
Не е важно само работодавецот да е задоволен од вас, туку и вие да сте задоволни од условите за работа. Искористете ја првата можност на интервјуто за работа да истакнете кои се вашите очекувања од работата.
Имате право да поставите барања
Вие имате право да поставите свои барања. На пример доколку не сакате да работите на една локација затоа што втората ви е поблиску до дома, имате право да му дадете до знаење на работодавецот или менаџерот дека ја прифаќате работата само за работно место кое е блиску до вашето живеалиште, а не и секоја работна позиција.
Јасно кажете што ви пречи или ве вознемирува
Иако поголемите компании обрнуваат внимание сите вработени да потпишуваат изјава дека нема да вршат мобинг и со тоа законски се штитат, сепак немаат баш јасна претстава за тоа каква е реалната состојба кога е вознемирувањето на работно место во прашање.
Искористете го интервјуто да посочите што се за вас може да претставува мобинг на работно место и прашајте каде да се обратите во случај да го забележите мобингот.
Покажете подготвеност да работите чесно, но побарајте чесен пристап и од работодавецот
Сепак не претерувајте и не се поставувајте како работодавецот да зависи од ваша волја или дека треба да ви угодува. Покажете подготвеност за целосно посветување кон работата и вложување на максимален труд и постигнување конкретни високи резултати, но не по секоја цена.
Дајте до знаење дека сте подготвени да ја обавувате својата работа максимално професионално, но дека на работа не доаѓате за некој друг на вас да си ги лечи фрустрациите или лечи комплекс на пониска вредност. Поставете јасни граници помеѓу професионалното и личното уште на почетокот.