Треба да се биде прецизен и да се каже дека не секоја висока зграда може да се нарече облакодер. Повеќето архитекти се согласуваат дека 150 метри е минималната висина за една зграда да се карактеризира со оваа именка.
Врз основа на тој критериум, Хонг Конг е главниот град на облакодерите на светот. Овој источноазиски град е дом на речиси 550 згради кои достигнуваат над 150 метри височина. Од тие згради, Меѓународниот трговски центар е највисок и се издига 484 метри во височина.
Шенжен во Кина има втора најголема концентрација на високи згради на листата. Иако содржи речиси 200 облакодери помалку од Хонг Конг, нејзината највисока зграда е поимпресивна, според Ментал Флос.
Меѓународниот финансиски центар Пинг Ан, висок 600 метри, е петти највисок облакодер на Земјата. На трето место е Њујорк во САД, а четврти е Дубаи во Обединетите Арапски Емирати – и двата имаат облакодери кои ги надминуваат највисоките во Хонг Конг.
Светскиот трговски центар 1 во Њујорк е висок 541 метар, а Бурџ Калифа во Дубаи се издига на 828 метри, што го прави највисоката зграда на Земјата, пренесува магазинот City.