Повеќето судии во Врховниот суд на Австралија ќе бидат жени за првпат во 121-годишната историја на институцијата, изјави јавниот обвинител Марк Драјфус.

Судијката Џејн Џаго ќе го заземе слободното место во Врховниот суд, составен од седум членови, кога Патрик Кин ќе се пензионира на 17 октомври.

Џаго е судијка во Федералниот суд од 2008 година.

Според Драјфус, полот на Џаго не влијаел врз одлуката таа да биде избрана по консултации со водечките судии и адвокати.

– Тоа беше назначување на најдобриот можен човек во Врховниот суд, нагласи Драјфус.

Џаго ќе биде 56-ти судија и седма жена во Врховниот суд од неговото создавање во 1901 година. Меѓу четирите жени кои ќе бидат врховни судии од наредниот месец, е и претседателката Сузан Киефел.