Во вакви услови на енергетска и финансиска криза да трошите за црна кампања, тоа значи дека некому многу му гори. Ги повикувам сите органи на прогонот, еве уште вечер уште утре да излезат и да истражат, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител телевизија, говорејќи за „скапата црна кампања која се води против него од страна на СДС за проектот пречистителна станица“.
Запрашан за обвинувањата од страна на градоначалничката на Град Скопје дека влијаел на овој проект, Мицкоски истакна дека не гледа како би можел да биде инволвиран кога целиот проект бил воден од луѓе кои не се од ВМРО-ДПМНЕ, но и покрај тоа Европската инвестициона банка јасно кажува дека проектот е воден според сите правила и процедури.
-Имате од банката која што, верувајте ми јас не познавам човек кој што може туку така да си игра играчки со таа банка, вели дека се е според правилата и процедурите. Дури овие луѓе кои што сега ги споменувам, иако не се ВМРО-ДПМНЕ банката вели дека тоа што досега го направиле, а тоа беше до пред некој ден, велат дека е се според правилата и процедурите – потенцираше Мицкоски.
Тој исто така, ги повика сите органи на прогонот како и канцеларијата на ЕУ со брза акција да го истражат овој случај и ако има злоупотреба да излезат и да кажат кој злоупотребил.