Во текот на вчерашниот ден во периодот од 13 до 17 часот на поширокото тетовско – гостиварско подрачје спроведена е контрола на електрични тротинети, при што биле откриени и санкционирани вкупно 11 прекршоци кои се однесувале на лица што управувале електрични тротинети без заштитна опрема и кои се движеле на недозволени места.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и тие ќе се соочат со законски предвидените парични глоби.

СВР Тетово со апел до лицата кои управуваат електрични тротинети да не се движат по коловоз, туку исклучиво по велосипедски патеки и ленти, по пешачки патеки или по други сообраќајни површини за таа намена.

Покрај тоа, на оваа категорија учесници во сообраќајот им се советува да ја прилагодат брзината на максимални 25 километри на час, доколку се движат по пешачки патеки задолжително да користат заштитна кацига, односно шлем.

Во спротивно, против оние кои нема да ги почитуваат законските правила и прописи ќе следуваат предвидените поднесоци, со напомена дека паричната глоба изнесува 80 евра во денарска противредност.