Можеби нашите предци го користеле за да ставаат месо во него, па пронајдениот примерок, освен што е најстарото пронајдено парче леб, може да биде и најстариот сендвич.
Пред ова откритие од Црната пустина во Јордан, најстариот доказ за правење леб бил стар 9.000 години.
Пекарите од камено доба користеле брашно од диви видови пченица и јачмен, го мешале со мелени корени од растенија, додавале вода и потоа го печеле.
Ова е најраниот доказ за нешто што навистина би можеле да го наречеме кулинарски. Правеле леб и печено месо од газели и други животни, кои подоцна ги користеле за да направат оброк – вели професорот Доријан Фулер од Универзитетскиот колеџ во Лондон. Научниците открија и две структури, од кои секоја содржеше голем кружен камин, каде што беа пронајдени остатоци од леб.