Чадот од тутунот е еден од мирисите кои тешко се испаруваат од куќата. Влегува во мебел, облека, завеси и многу тешко се неутрализира. Сепак, добрата вест е дека постојат одредени трикови кои можете да ги користите.
- Тргнете ги завесите
Доколку се наоѓате во простор каде што се пуши, тргнете ги завесите од прозорецот настрана и отворете го малку прозорецот. Завесите најдолго го чуваат мирисот на цигари во домот.
- Ароматизирани свеќи
Ароматизираните свеќи дефинитивно ќе помогнат да се неутрализира лошиот мирис од цигарите. Се што треба да направите е да поставите неколку свеќи во просторијата каде што се пушат цигари.
- Не оставајте ги пепелниците неисчистени
Цигарите многу повеќе мирисат откако ќе се изгасат, затоа не ги оставајте да стојат цела вечер во пепелникот.
Чистете ги редовно пепелниците дури и да има само една цигара во нив.