Постојат многу начини на кои можеме да заштедиме дополнителни пари без воопшто да го сфатиме тоа. Само мала промена во навиките може да ни заштеди значителна сума пари секој месец. Доволно е да се откажеме од едно кафе на ден, на пример, или да не купуваме вода секој ден туку да користиме стаклено шише кое можеме да го наполниме.

Овие неколку трикови ќе ви заштедат пари, а некои од нив ќе ви го спасат здравјето, пренесува Net.hr.

  • Кафе пред купување

Истражувањата докажаа дека кофеинот има големо влијание врз човечката потрошувачка. Истражувањето потврдило дека луѓето кои пиеле кафе пред да одат на шопинг трошат 50% повеќе пари и купувале 30% повеќе работи од оние кои не консумирале ништо.

Причината за тоа е допаминот, хормонот на среќата кој се ослободува во поголеми количини после пиење кафе, што не тера да купуваме и трошиме повеќе од потребното.

  • Купување намирници после вечера

Купувањето за време на глад може да биде лоша идеја, бидејќи во тој момент сè изгледа примамливо и купуваме работи што не ни се потребни.

Најдобро е да одите на шопинг веднаш после јадење. Тогаш рационалната одлука ќе биде полесна и парите нема да се трошат непотребно.

  • Плаќање со готовина

Од психолошка страна, многу е полесно да се плати со картичка бидејќи тогаш немаме визуелизација на парите што сме ги потрошиле и го немаме чувството на трошење пари како со физичката размена на банкнотите.

Плаќањето со банкноти ни овозможува подобро да ја разбереме вредноста на парите и кога трошиме голема сума создава мало чувство на вознемиреност што не спречува да трошиме премногу.