Изминатиов период Германија се соочува со огромен недостиг на работници во многу занимања. Затоа работодавачите, но и земјата воопшто, бараат начини како да се справат со недостигот.
Практично половина (49,7% од испитаните компании) во истражувањето на економскиот институт Ифо се жалат дека се принудени да ја намалат понудата поради недостаток на работна сила – пишува klaster.mk
И ситуацијата се влошува во истото истражување спроведено овој април, 43,6% од компаниите го имале овој проблем, што е највисок процент од почетокот на ваквите истражувања во 2009 година.
И додека големите компании сè уште некако го „крпат“ своето производство со работниците што ги имаат, за малите компании – а особено за занаетчиите, работите се рамни на катастр офа. За некако да привлечат и задржат добри работници, тие се принудени да бараат нови решенија.
Така е и со Томас Шмаузер, кој има компанија за инсталатерски услуги во близина на Нирнберг. Четврток е последниот работен ден во неделата за неговите вработени – тие не работат во петок, сабота и во недела.