Сега пости начин како да гледате Youtube на вашите мобилни телефони, без да ви се појавуваат реклами. Тоа е апликацијата Youtube Vanced. За оние кои не знаат оваа апликација била популарна во модификуваната Youtube апликација.
Има додадено бројни функции, вклучително и блокирање на рекламите, репродукција на содржините во позадина, темните теми и уште многу други работи. Беше згасната на 13 март 2022 година и симнувањето на апликации од официјалната страна повеќе не е можна.
Сепак сега постои начин како да ја инсталирате.
Напомена само дека упатството се однесува само на телефони со Андроид оперативен систем. Можно е и да не работи страницата на која ќе ве упатиме, но ве советуваме да почекате да проработи и да се обидете повторно. Доколку не сте сигурни што правите, не ја симнувајте и не го инсталирајте самите APK фајлот кој ќе го најдете на „Гугл“. Внимателно следете и упатствата и консултирајте се со галериите за да бидете сигурни дека ги правите вистинските чекори.
Како да инсталирате YouTube Vanced
- Изберете ја инсталацијата со апликација од непознат извор на вашиот телефон (апликација која не е од Google Play продавница)
- На вашиот интернет пребарувач отворете ја www.apkmirror.com страната.
- Во полето на пребарување, напишете Vanced Manager.
- Потребната апликација се нарекува Vanced Manager 2.6.2. Crimson. Кога ќе ја пронајдете, од десната страна притиснете го копчето за превземање.
- Спуштете се подоле на страницата и во селекцијата Download ќе видите 2.6.2 Crimson апликација. Од десната страна притиснете го копчето за превземање.
- Пронајдете го копчето DOWNLOAD APK 4.26 МB и притиснете го.
- Отворете ја преземената APK-датотека и инсталирајте ја на вашиот телефон.
- Отворете ја инсталираната апликација Vanced Manager
- Следете ги подесувањата од нашата галерија
- Притиснете со прстот на полето Vanced microG, превземете ја и инсталирајте ја апликацијата
- Кликнете на полето YouTube Vanced, преземете ја и инсталирајте ја апликацијата.
- Вратете се на почетниот екран на телефонот и пронајдете YouTube Vanced меѓу инсталираните апликации