Роден е во Константинопол, од многу познати, богати и благочестиви родители.
Неговиот татко Сергиј бил чувар на царскиот двор и брат на светиот патријарх Тарасиј, кој претседавал со VII Вселенски собор. Во времето на царот Теофил, иконоборците го конфискувале имотот на ова семејство, го мачеле и го протерувале.
Свети Фотиј уште од детството копнеел за монашки живот, но православниот цар Михаил против негова волја го поставил за свој прв советник и секретар.
Исто така, против негова волја бил избран за патријарх Цариградски. На еден лажен собор бил соборен од патријаршискиот трон, па бил вратен и повторно симнат од власт.
Непоколеблив заштитник на Црквата од гладните за моќ на папата. Се упокои во Господа во 891 година.
Неодолив заштитник на црквата од моќољубивите папски и други римски изопачености на верата. За шест дена ги поминал сите чинови од лаик до патријарх.
Светите браќа Кирил и Методиј и светите Фотиј Цариградски
Свети Фотиј Цариградски е еден од најголемите отци на православната црква кој живеел во IX век кога Црквата се борела за зачувување на почитувањето на иконите, како и за зачувување на православното предание на Светите Седум Вселенски Собори и Светите Отци на Црквата.
Свети Фотиј, патријарх Цариградски, со право се нарекува татко на единството на Црквата затоа што се борел за зачувување на тоа единство без отстапување од верата „еднаш предадена на светиите“.
Според Житието на Кирил од непознат писател од IX век, византискиот император Михаил Трети, во договор со тогашниот цариградски патријарх Фотиј, решил да одговори на барањето на моравскиот кнез Растислав… Меѓу Словените.