Непушачите во Русија би можеле да сметаат на награда – повеќе денови за одмор, благодарение на фактот што не му се препуштија на овој порок.
Имено, член на Јавната комора на Русија, Султан Камзајев, објави поголем број годишни одмори за непушачите, и испрати писмо со таков предлог до премиерот на Русија. Камзајев истакна дека пушачите губат до 60 минути на ден или околу 20 работни дена во текот на една календарска година. Тој изјави дека сите трошоци поврзани со вработените кои се пушачи мора да ги сносат работодавачите и државата.
Предлагам да се разгледа можноста за воведување на правото на вработените непушачи во Законот за работни односи на Русија за дополнителни десет дена одмор годишно, се вели во писмото.
Камзаев додаде дека ова ќе ги мотивира пушачите да се откажат од оваа зависност. Од 1 јануари 2021 година, руските власти забранија пушење во медицински установи, трговски центри, бази и магацини.
Единствен исклучок се местата кои се специјално предвидени за пушачи во согласност со рускиот закон. Областите за пушење мора да бидат посебно обележани со знакот „Место за пушачи“.